Вице Заев: Брат ми Зоран е многу мек кон Бугарија, а мајка ми секој ден плаче кога го критикуваат на телевизија

Нашата мајка секое утро плаче кога ги гледа утринските емисии и слуша се што зборуваат за Зоки, изјави Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев во интервјуто за дневниот весник „Слободен печат“. Тој во интервјуто го искажува и своето мислење за односот на премиерот Заев кон Бугарија, открива кои фирми се наоѓаат во нивна сопственост, во кои релации е со фирмите кои одгледуваат канабис…

На прашањето за односот на премиерот Зоран Заев кон Бугарија Вице Заев вели дека премиерот е многу толерантен.

– Брат ми е многу толерантен и премногу мек во однос на политичките случувања со Бугарија. Ми смета тоа што не реагира на многу провокации од источниот сосед. Знам дека и тој се согласува со моите ставови дека не треба да биде толку мек, но ја гледа големата слика, има информации повеќе од нас, и затоа води таква политика. А, со тоа како ја води политиката се согласувам целосно затоа што вродува со резултат, вели братот на премиерот Зоран Заев.

Вице Заев откри дека негови фирми се Тотал инженеринг и Тотал електрик додека останатите Ева стајл, Тргопродукт (мајка фирма на Мамас), Еленица, финансиско друштво Пеон, брокерско друштво Пеон, и неколку оранжерии ги раководат останатите членови на семејството. Бизнисите со канабис за кои се шпекулира дека тој и неговиот брат стојат зад нив, според неговата, изјавата не се негови туку на неговите братучеди.

-Фабриките за производство на канабис во Свети Николе и во Валандово се во сопственост на моите двајца братучеди. Ниту јас, ниту брат ми, немаме лиценца за одгледување и производство на канабис, вели Вице Заев за СП.

Вели дека и тој прави грешки но дека досега никој не пријавил ниту има докази дека ги направил работите за кои се товари.

Претходна вестПак многу возачи поминале на црвено во Скопје, пак зборувале на мобилен, пак…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров, велат – ја манипулираше јавноста