Пак многу возачи поминале на црвено во Скопје, пак зборувале на мобилен, пак…

На скопското подрачје вчера се изречени казнени санкции на 213 возачи меѓу кои на 14 за користење мобилен телефон и 14 за некористење сигурносен појас, соопшти денеска МВР.

Санкцинирани се и 15 возачи за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 11 за минување на црвено светло.

-Казнети се и 74 возачи за непрописно паркирање, а со „пајак“ се подигнати 41 возило. За неносење на заштитна маска изречени се 18 санкции, се наведува во информацијата.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Претходна вестИванов до Антикорупциска: 20 месеци не ги затворате предметите кои ги водите за мене, дали чекате насоки од некого?
Следна вестВице Заев: Брат ми Зоран е многу мек кон Бугарија, а мајка ми секој ден плаче кога го критикуваат на телевизија