И денеска полицијата објави докази дека сообраќајната култура во Скопје е на многу ниско ниво. Имено, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24 санкции, соопшти денеска МВР.
Возењето без возачка е навистина загрижувачко. Полицијата очигледно треба да „лови“ вакви неодговорни лица многу поревносно.
Инаку, освен ова изречени се и 13 санкции за нерегистрирани возила, 7 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 17 санкции за користење на мобилен телефон.
-Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило се подигнати со „пајак“ службата, информира полицијата.
МВР уверува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.