Едно лице е превидено поради поседување на пиротехнички средства во полициската акција спроведена на подрачјето на скопски Бит пазар.
-Денеска (23.12.2020) околу 13.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје го приведоа И.К.(27) од Студеничани, Скопје бидејќи кај него се пронајдени 13.525 парчиња пиротехнички средства, соопшти полицијата.
Против ова лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.