Починале 14 пациенти од вирусот, новозаразени се 627 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на Ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се во Скопје – 250, Куманово – 36, Дебар – 8, Штип – 12, Прилеп – 35, Тетово – 21, Струга – 6, Велес – 25, Битола – 25, Охрид – 21, Кавадарци – 31, Гостивар – 24, Гевгелија – 12, Струмица – 23, Крива Паланка – 8, Радовиш – 4, Кочани – 20, Пробиштип – 7, Демир Хисар – 2, Берово – 13, Валандово – 6, Делчево – 5, Кратово – 1, Свети Николе – 6, Кичево – 7, Ресен – 4, Неготино – 14 и еден во Пехчево.

Починати се 14 лица, четворица пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58 години), еден од Куманово (52), четворица од Прилеп (82, 66, 78 и 71 година), еден од Струга (84), еден од Битола (74), еден од Охрид (59), еден од Кавадарци (56) и еден пациент од Гевгелија (80). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 644 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, бројката на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718.

Претходна вестАндоновска: Соседните држави имаат вакцини против вирусот, ние последни ќе ги добиеме
Следна вестПриведен 27-годишник на Бит пазар, имал 13.500 пиротехнички средства