Андоновска: Соседните држави имаат вакцини против вирусот, ние последни ќе ги добиеме

Соседните држави имаат вакцини против коронавирусот, а Филипче нема ниту план, земјава последна ќе ги добие вакцините, обвини Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите земји во регионот се посветени и организирани на зачувување на здравјето на граѓаните, само кај нас тоа не е приоритет. Во Србија стигна вакцината и почнува вакцинацијата, а тестови за корона може да се купат во секоја аптека за 10 евра. Грција и Бугарија имаат вакцини, а Филипче нема ниту план, уште помалку одреден термин кога ќе стигнат вакцините за да почне вакцинацијата. Значи, кога речиси сите веќе набавија вакцини и почнаа со вакцинација против коронавирусот, Филипче не знае каде тера, рече таа.

Прво, додаде Андоновска, Филипче рече дека вакцина против корона вирусот ќе имало на почетокот на следната година за потоа да ја смени изјавата дека тоа ќе се биде во март.

-Вчера веќе објаснува како Македонија била мал пазар, па вакцини ќе имало во втората половина на 2021 година. Нема одговори од надлежните за клучните прашања дали, кога и колку дози на вакцини навистина ќе има, како и тоа дали граѓаните ќе имаат избор од разните вакцините што веќе се употребуваат? Она што ни го кажува министерот за здравство е спротивно од онаа реалност за која постојано ни сведочат граѓаните, рече Андоновска.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Шилегов среде рецесија вработува 135 лица, ќе плаќаат скопјани
Следна вестПочинале 14 пациенти од вирусот, новозаразени се 627 лица