Во последните 24 часа во Македонија се направени 2206 тестирања, а при тоа се регистрирани 592 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство.
Новозаразените се во: Скопје-259, Куманово-31, Дебар-7, Штип-8, Прилеп-30, Тетово-18, Струга-21, Велес-17, Битола-24, Охрид-28, Кавадарци-35, Гостивар-21, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Кочани-7, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-10, Ресен-7, Неготино-12.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (79,78,68,62, 64 и 53г), двајца од Куманово (69 и 78г), двајца од Тетово (60 и 72г), тројца од Прилеп (61,77 и 85г), еден пациент од Штип (87г), еден од Охрид (77г), еден од Струга (69г), двајца пациенти од Битола (64 и 85г), еден од Струмица (83г), еден од Берово (59г) и еден пациент од Валандово (52г).Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 691 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.