Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со долги говори блокираат законско решение околу гасовод и „Макпетрол“

Со филибатестеринг, односно, со држење на долги говори пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја блокира работата на македонскиот парламент со цел да не се изгласа законското решение кое се однесува на компанијата „Макпетрол“. Во инфорамцијата од партискиот Центар за комуникации се наведува дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави сѐ со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари.

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се потенцира дека вкавата исплата е неоснована.

-Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија?, прашуваат од партијата.

Претходна вестСилвана Бонева со 6.967 докази и 28 сведоци ќе докажува дека не е рекордер во земање патни трошоци
Следна вестРегистрирани се 592 нови случаи на Ковид 19 , починале 21 пациент