Во ресторанска тераса рано утринава влетал автомобил. Сообраќајната несреќа се случила по се уште неразјаснети околности. Кафулето се наоѓа на почетокот на булеварот „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“ каде секојдневно поминуваат многу автомобили.
Возачот од засега непознати причини изгубил контрола врз автомобилот. На фотографиите објавени на Фејсбук се гледа дека е причинета материјална штета, а според очевидци на настанот нема повредени.