Струшко возило повреди две деца во Охрид

Со повреди се здобиле две деца во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Железничка“ во Охрид. До несреќата дошло кога моторно возило со струшки регистерски таблички удрило во две деца кои поминувале преку коловозот.

-Двете деца биле префрлени во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ од кои едното со потешки телесни повреди. На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, соопшти полицијата. 

Претходна вестАвтомобил влетал во кафуле на почетокот на „Партизанска“
Следна вестИ здруженија по природни науки и пишаа на Царовска: Реформи во основното образование не смее да се прават набрзина