Порталот Handball-Planet.com го избра македонскиот ракометар Кире Лазаров за најдобар десен бек на деценијата.
Порталот ги претстави резултатите од изборот за NEXE најдобар играч на деценијата. Жирито било составено од 21 тренер, ракометни легенди и новинари од разни краеви од светот, а се бирал најдобриот на секоја позиција во ракометот.
За најдобар ракометар на деценијата е прогласен Никола Карабатиќ.