Скопски и германски оџачари во заедничка акција за чистење оџаци во Скопје

Германски оџачари деновиве се на терен заедно со скопските оџачари и вршат чистење на оџаците во Скопје, информира денеска Градот Скопје.

Град Скопје во соработка со збратимениот град Нирнберг го реализира проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје”. Проектот е финасиран од Министерство за економска соработка и развој од Сојузна Република Германија.

-Целта на проектот е да се тестира систем за намалување на емисиите од приватните  домаќинства во една пилот-област во Скопје. Активностите се фокусирани на подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје, преку намалување на емисиите од приватните домаќинства, како и да се спроведе кампања за промовирање на значењето на професијата оџачар од аспект на заштитата на здравјето на граѓаните и заштита на амбиентниот воздух, се наведува во соопштението.

Една од активностите е и размена на оџачарското искуство помеѓу оџачарите од Скопје и претставник од компанијата за чистење на оџаци Сцхреибер од градот Кобург, кој ја има завршено обуката во најголемиот тренинг центар за оџачари Милбах во Баварија.

Претходна вестЗатворени два угостителски објекти во Аеродром и во Карпош, приведени гости
Следна вестЛазаров избран за најдобар десен бек на деценијата