Затворени два угостителски објекти во Аеродром и во Карпош, приведени гости

Работење по дозволеното работно време кое поради пандемијата предизвикана од коронавирусот е до 18 часот е причина за затворање на два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош од страна на Државниот пазарен инсепкторат и полицијата.

– На 25.12.2020 во 18:55 часот на подрачје на Аеродором при извршена контрола на угостителски објект од полициски службеници на СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат, утврдено е дека објектот работи по дозволеното време и во него имало шест гости, при што околу 19 часот се лишени од слобода Б.Т.(60) и И.Д.(34) двајцата од Скопје, бидејќи не ги почитувале наредбите на полициските службеници да го напуштат објектот. Приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Исто така, вчера во периодот од 18 до 22 часот на подрачјето на Карпош при извршена контрола на угостителски објект е констатирано дека објектот во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје работи по дозволеното време и во него имало гости. Објектот е времено затворен, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Претходна вестВозачот на „опел“ кој удри во нотарската канцеларија згрижен во ГОБ „Свети Наум Охридски“
Следна вестСкопски и германски оџачари во заедничка акција за чистење оџаци во Скопје