Возачот на „опел“ кој удри во нотарската канцеларија згрижен во ГОБ „Свети Наум Охридски“

Со повреди се здобило лицето кое го управувало „опел астра“ кој ноќеска удрил во нотарската канцеларија во скопската населба Автокоманда“, соопшти полицијата. Неговиот живот сепак не бил загрозен.

– 29-годишниот А.Р. од Скопје утрово во 05:35 часот  управувајќи автомобил „опел астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски, велат од МВР.

Од полицијата наведуваат дека лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.

Полициските екипи на местото на несреќата извршиле увид.

Претходна вестВо скопските ковид-центри за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти
Следна вестЗатворени два угостителски објекти во Аеродром и во Карпош, приведени гости