Облачно со повремен дожд и умерен јужен ветер

Врнежниливата вечер го најави денешниот облачен ден. Во Скопје ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 8 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето денеска ќе биде облачно, со врнежи дожд, а на планините на северозапад ќе врне снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 6 до 13 степени.

Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.

Претходна вестНагради за најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител во Скопје
Следна вестМВР вчера во Скопје санкционира 258 возачи