Двајца ученици се исклучени од средното скопско училиште „Владо Тасевски“ – ПТТ по случајот во кој за време на онлајн наставата професорката била нападната со пцости. Одлука за исклучување ја донел Наставно-научниот совет на денешната седница.
-Денес заседаваше наставничкиот совет и едногласно донесе одлука да ги исклучи двајцата ученици. СУГС „Владо Тасевски“ е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, се наведува во објавата на Фејсбук-страницата на училиштето.
Инцидентот се случил на час за испрашување на знаењето на учениците. Откако побарала еден ученик да ја вклучи камерата тој почнал со пцости и да ја навредува. Професорката случајот го пријавила на класниот раководител. Исечок од случката се најде на социјалната мрежа „ТикТок“ поставена од друг ученик.