Деветмина полицајци повредени во сообраќајка во кумановско

Деветмина полицајци повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчераутро во близина на кумановското село Белановце.

 На 28.12.2020 околу 08.20 часот во близина на с.Белановце, кумановско, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „Рено“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, во кое се превезувале девет полициски службеници и патничко возило „Фолксваген Пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(48) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, на полициските службеници им била укажана помош во Општата болница Куманово, каде им биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово, Јавен обвинител и Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Претходна вестПо пцостите кон професорка двајца ученици исклучени од средното училиште „Владо Тасевски“
Следна вест17 починати и 498 новозаразени лица од вирусот