И вчера продолжи трендот на намалување на бројот на позитивните случаи на корона вирусот во Македонија со што нивната бројка сега изнесува 16.704, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е значително помалку од околу 20.000 случаи колку што беше дневниот просек во зиминативе недели. Најголем дел од активните случаеви отпаѓа на Скопје -10.322.
Според податоците на Министерството за здравство за изминати 24 часа, регистрирани се нови 166 случаи со ковид-19, починати се 10 пациенти, а оздравени се 416 пациенти.
-На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот од кои 379 се во Скопје. Има околу 450 празни болнички кревети во ковид – центрите, се наведува во информацијата.
Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 85.494, бројот на оздравени пациенти е 66.209, а на починати е 2.581.