Летале по улиците, да не брзале за во црква да одат?

Пребрзото возење и натаму е најчест прекршок што го прават скопските возачи, а тоа го потврдија и полициските контроли во текот на вчерашниот празник Божик. Да не брзале за во црква да одат?

Санкционирани се 80 возачи за брзо возење, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.

Бројките загрижуваат. Бројките опоменувааат и повикуваат полицијата да биде поревносна, построга и поконстантна во ловењето на „здивени“ возачи.

Претходна вестПовремениот дожд ќе се дружи со слаб до умерен јужен ветер
Следна вестВо ковид – центрите има 450 празни болнички кревети