Во сезоната 2020/2021 вкупниот број заболени од грип изнесува 379, што е за 54,2 отсто помалку споредено со истиот период минатата сезона кога имаше 828 заболени, унформира Институтот за јавно здравје.
Од 28 декември до 3 јануари во државава пријавени се 24 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Од заболените 15 се од Дебар, пет од Кичево, двајца од Струмица и по еден од Куманово и од Прилеп. Во однос на возраста на заболените 11 лица се на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца (4,3/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст до четири години.
Според податоците од Управата за електронско здравство, заклучно со 3 јануари вакцинирани се вкупно 37.221 лица со бесплатна вакцина, а заедно со лицата кои се вакцинирале приватно, бројот на граѓаните кои се вакцинирани изнесува 46.124 лица.