Заев: Во следните 2-3 години 1.000 нови домаќинства од Гази Баба ќе имаат градското парно

Во моментот во општината се реализира заеднички проект за поврзување на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа. Ова го нагласи премиерот Зоран Заев кој со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, направија увид на неколку тековни проекти што се реализираат во оваа скопска општина.

Како што посочи тој, на овој начин ќе се намали потрошувачката на струја на овие домаќинства и ќе се намали загадувањето на воздухот во овој дел од градот.

-Станува збор за инвестиција вредна околу 600 илјади евра која ќе се реализира во следните две до три години. Со ова проширување на топловодната мрежа во Гази Баба се очекува голем бенефит за граѓаните како што се намалување на потрошувачката на струја за домаќинствата приклучени на системот, стабилно и современо загревање на домовите, како и намалување на причинителите на аерозагадувањето, рече премиерот.

Тој истакна и неколку други проекти сработени во општината и нагласи дека во претходниот мандат на Владата, старите бараки на основното училиште „Вера Јоциќ“ биле заменети со нова, модерна училишна зграда за 600 ученици.

Претходна вестОд денеска на скопскиот аеродром ќе се прават брзи антиген тестови
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро