Едно лице-пешак е тешко повреден по ударот од велосипед вчера на улицата „50 дивизија“ во близина на Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 14:10 часот во Скопје на улица 50-та дивизија велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На повредениот му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти полицијата.
Извршен е увид на местото на настанот.