Мицкоски: По вакво рангирање за корупцијата треба цела Влада да си замине

После ваков резултат, не е доволна оставка на министерот за правда, или министерот статист за борба против корупција, потребно е целата Влада да си замине, коментира денеска Христијан Мицкоски, лидер на опозициска ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Тој реагираше во однос на денешното, историски најлошо, рангирање на Македонија на 11-то место меѓу 180 држави според индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнл за 2020 година.

-Кога ги нареков мафија, многумина ми велеа зошто толку силни зборови употребувам. Според Транспарентност Интернационал по степенот на корупција на историски најлошото 111-то место. Пад од 5 места споредено со минатата година и никогаш полошо во периодот на независна Македонија. Тие не се само мафија, на овие луѓе и мафијата може да им позавиди. Подобри од нас се: Косово, Албанија, Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија, а заедно сме со Панама и Монголија. Пад од цели 45 места за 5 години, коментира Мицкоски.

Претходна вестВо Центар сменет ДУП-от за „Дом на градежници“ – наместо зграда ќе има парк, од асфалт куртули детско игралиште…
Следна вестНови 336 случаи со ковид, меѓу 10 починати е и скопјанец на 53 години