Денеска или утре во „Службен весник“ и биде објавен Правилникот за поединечно одобрување на возила со што ќе се отстрани единствената пречка поради која возилата со странски таблици кои се возат низ државава не можеа да се пререгистрираат.
Ова го најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Со последното законско решение предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе Правилникот за поединечно одобрување на возилата.
Сега Бирото за метрологија и другите институции како Царинската управа можат слободно да почнат со регистрација на возилата.