Дневна ковид – статистика: 389 нови заразени и четири починати, нема смртен случај во Скопје

Во последните 24 часа, четири лица починаа како последица од ковид-19, а од 2.445 теста, регистрирани се 389 новозаразени со корона вирус, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Починатите се на возраст од 65, 73, 83 и 87-годишна возраст од Куманово, Кавадарци, Пробиштип и Виница, од кои тројца починале во болница, а еден дома.

Од новозаразените 389 случаи, најмногу се од Скопје -140 нови случаи.

Исто така, во изминатото деноночие има и дури 998 оздравени пациенти.

Со овие бројки, вкупно ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата има 95.736, додека на починати 2.959.

Бројот на активни случаи е 5.933 на ниво на цела дрѓава, додека во Скопје, бројката падна под 3.000 и изнесува 2.778 моментално заболени со ковид-19.

Претходно, МЗ соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 257 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Претходна вестСкопје ќе се чисти со 10 нови машини-метлачки, ќе се набават уште 37
Следна вестЗаев: Попис мора да има за владата и градоначалниците да не работат во матно