Премиерот на Чешка вчера ја посетил Србија со цел да дознае повеќе за програмата за масовна вакцинација со кинески и руски вакцини, пишува Агенцијата „Асошиејтед прес“.
Чешкиот лидер Андреј Бабиш претходно побара вакцини надвор од заедничката програма на ЕУ, откако беа одложени испораките на западните компании за лекови, со кои Унијата склучи договори.
Со тим експерти, Бабиш минатата недела ја посети и Унгарија, која е прва земја на ЕУ што даде зелено светло за руската вакцина.
-Се обидувам да соберам што повеќе информации за другите вакцини кои не се одобрени, рече Бабиш во Белград по состанокот со српската премиерка Ана Брнабиќ.
Брнабиќ рече дека искуството на земјата со сите три достапни вакцини е одлично.
Србија, со повеќе од 500.000 вакцинирани, во моментов е втора во Европа според стапката на вакцинација по жител, зад Велика Британија.