Разочаран ли е Заев од Шилегов па не го спомна меѓу градоначалниците од кои е „исклучително задоволен“?

Стои ли лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев зад нова кандидатура на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој веќе најави дека ќе се кандидира? Вакво прашање се наметнува по вчерашното наведување на Заев на осуммина актуелни градоначалници кои апсолутно уште сега ги поддржува за нов избор на претстојните есенски избори. Меѓу осумтте градоначалници со чија работа Заев бил „исклучително задоволен“ го нема ниту Шилегов, ниту пак било кој од скопските општински градоначалници.

-Исклучително сум задоволен од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше… Она што можам да кажам во моментот е лично како претседател на СДСМ ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имам свој личен впечаток, што не значи дека ќе биде и конечна одлука бидејќи имаме јасни и статутарни определби како се прави тоа, изјави вчера Заев.

Дали е ова порака до Шилегов од партискиот лидер Заев дека не е задоволен од неговата работа и дека има резерви кон неговата амбиција повторно да се кандидира? Шилегов кон крајот на минатата година најави дека сака да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат и ќе бара поддршка од матичната партија СДСМ за неговата кандидатура.

-Промените кои се случуваа во нашиот град се сериозно видливи во сите урбани полиња. Мислам дека сето тоа ми дава за право да побарам од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за наредните локални избори за повторен избор за градоначалник на Скопје. Јас сум човек што ги почитува постапките и процедурите и имајќи предвид дека сум политички претставник на политички партија ќе барам легитимитет да добијам од мојата партија. Очекувам дека таков легитимитет ќе добијам, а граѓаните сето ова што го работев изминативе години ќе го верификуваат на локалните избори, изјави тогаш Шилегов.

Прашање е поради што Заев не го наведе Шилегов но и другите скопски градоначалници како функционери со чија работа не е „исклучително задоволен“. Можеби причина е во големиот број на нереализирани проекти кои во текот на мандатот кој сега изминува не ги направиле скопскиот и општинските градоначалници. Идникативно е и тоа што Заев искажува дека е искучително задоволен со новиот градоначалник на Штип Саши Николов кој е избран на функција сосема неодамна, на 13 декември лани!?

Претходна вестЧешкиот премиер лично гледал во Србија како тече вакцинацијата со руски и кинески вакцини
Следна вестСака ли Владата воопшто да дојдат вакцини во Македонија?