Во притвор е ставен 45-годишен скопјанец откако Основно јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за истражна постапка против него. Тој е осомничен дека подметнал пожар во кој изгорело возилото „Голф 5“ на 10 февруари во скопската општина Сарај.
–Тој зел пластична туба со бензин од кој дел истурил врз возилото, а потоа тубата ја ставил под возилото кај совозачката врата. Потоа облекол црни волнени ракавици, ја натопил едната ракавица во бензинот, со запалка ја запалил волнената ракавица и ја фрлил кон бензинот што истекувал. На тој начин предизвикал пожар кој се распламтел и го зафатил целиот автомобил. Притоа возилото во целост изгорело и со тоа за оштетениот настапила голема имотна штета во вредност од 365.000 денари, соопшти денеска ОЈО Скопје.