Лекција од Перу за нашиве функционери: Министерка си поднела оставка поради…

Во Македонија сме навикнати дека за се што е корисно -предност имаат функционерите. Тоа право си го земаат самите без да сносат последици. Така ли е во светот?

Еве, пример дека во Перу не е така. Имено, перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка во неделата, откако призна дека е вакцинирана против корона вирусот на 22 јануари, пред да започне националната програма за имунизација.

Претседателот Франциско Сагасти изјавил дека е огорчен и лут поради тој настан, пренесува „Ројтерс“.

Астете е втор член на владата што поднесе оставка, откако истото го стори и министерката за здравство, Пилар Мацети.

Мацети поднесе оставка откако беше откриено дека поранешниот претседател Мартин Викара, кој беше сменет поради обвиненија за корупција, ја прими вакцината против корона вирус.

.

 

Претходна вестИ да врне и да вее – разгален возач по улици казна да го грее
Следна вестХоспитализирани се вкупно 592 лица поради компликации со вирусот во Македонија