Во МАНУ детектирани нови мутации на корона вирусот

Поголем број на нови мутации на корона вирусот биле детектирани по анализите извршени во Македонската академија на науките и уметностите. Овие варијанти на корона вирусот претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава.

-Податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство, соопшти денеска Институт за јавно здравје.

Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.

Досега потврдено беше само присуството на британската мутација на корона вирусот во земјата.

Инаку во неделниот извештај, ИЈЗ јави дека за 5,3 проценти е зголемен бројот на нови случаи на заразени со Ковид-19 оваа недела, во споредба со претходната. Истовремено регистрирано е намалување од 34,8 отсто на починати од заразата, а процентот на позитивност изнесува 12,9 отсто од тестираните.  

Претходна вестИзраел: Само вакцинирани и излекувани од ковид ќе можат да се движат секаде
Следна вестДневна статистика ковид-19: Пет починати и 358 нови заразени