Темен режим Режим на светлина

Дневна статистика ковид-19: Пет починати и 358 нови заразени

Во изминатите 24 часа, почина пет лица како последица на ковид-19, додека регистрирани се 358 нови случаи на заразени со корона вирус, објави попладнево Министерството за здравство.

Од починатите, тројца се од Скопје (91г, 80г и 58г), и по едно лице од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г), сите во болнички услови.

Од направени 2.275 тестирања, регистрирани се 358 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу се од Скопје– 173.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152 од кои 2.767 се во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во МАНУ детектирани нови мутации на корона вирусот

Следна објава

Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните претријатија, но не и за струја и парно