Шкендија се намачи, но го доби Вардар и го зголеми водството

Тоа што некогаш беше големо дерби во македонскиот фудбал, пресметката помеѓу тетовска Шкендија и Вардар, оваа сезона нема на „сила“ колку во минатото поради состојбата кај актуелниот шампион по повлекувањето на спонзорот Сергеј Самсоненко. И покрај ова, младите фудбалери на Вардар дадоа достоен отпор на Шкендија, која се помачи да стигне до 2:1 победа со која го зголеми водството на врвот на табелата.

Мевљан Мурати им донесе водство на лидерите на табелата во 15-тата минута, но само две минути подоцна Мартин Мирчевски израмни на 1:1. Сепак, трите поени останаа во Тетово откако Арменд Алими во 62. минута постигна гол.

Откако Шкупи одигра само 0:0 против Академија Пандев, Шкендија сега има осум поени предност на табелата пред скопскиот клуб.

ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО

Шкендија – Вардар 2:1

Беласица – Струга 1:2

Македонија Ѓорче Петров – Борец 0:0

Пелистер – Ренова 3:1

Шкупи – Академија Пандев 0:0

Табела: 1.Шкендија 45, 2.Шкупи 37, 3.Македонија ЃП 35, 4.Струга 32, 5.Работнички 28, 6.Вардар 26, 7.Борец 26, 8.Силекс 23, 9.Пелистер 22, 10.Ренова 19, 11.Академија Пандев 12, 12.Беласица 12.

Претходна вестНаправени 2.533 тестирања, регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19
Следна вестПукање во скопско Љубанци, нема повредени лица