По неколку случаи во изминатиов период Основно јавно обвинителство – Скопје повторно обвини повеќе лица за измама со фалсифукувани ПЦР тестовина корона вирус.
–Против вкупно 12 лица поднесени се обвинителни предлози за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за САРС-ЦоВ-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории, се наведува во соопштението.