За ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков во истражниот заттвор Шутка изготвен е безбедносен план за негово движење, конкретно за шетање, со запазување на сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инцидент, тврди Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции.
-Апсолутно ве уверувам дека во овој момент можеме да му ја гарантираме безбедноста и на Мијалков и на сите осудени и притворени лица, рече Спасовски.
Мијалков од петокот по соопштувањето на пресудата за „Таргет – Тврдина“ се наоѓа во притвор во истражиот затвор во Шутка каде ќе остане до правосилност на пресудата, но не подолг од 60 дена.
Инаку, денеска започна пописот и во казнено-поправните установи.