О2 Иницијатива: Продолжување на легализацијата на дивоградбите за пет години е нова амнестија на криминалот

Ново амнестирање на криминалот е предлогот за продолжување на законот за легализација на дивоградби за уште пет години, реагира невладината организација О2 Иницијатива. Таа се спротивставува на овој предлог кој веќе влезе во собраниска процедура. На вчерашната собраниска седница од присутните 62 пратеници од владеачкото мнозинство 60 гласаа „за“ а само двајца пратеници од ДОМ против.

 Оние кои беа гласни во минатото како опозиција против овој закон и неговите продолжувања, сега бараат после цели 10 години на сила на овој закон, да важи уште ни повеќе, ни помалку, туку 5 години! Само за потсетување, во процедура имаме предлог за нов закон за легализација на дивоградби, ама сега и стариов да се продолжел уште 5 години. Што сакате да направите од ова држава⁉️ Континуирана амнестија на криминал без крај, зошто градење на диво е кривично дело со казна затвор од три до осум години, се наведува во реакцијата.

О2 Иницијатива ги повикува пратниците на ДОМ кои гласаа против овој предлог, Маја Морацханин и Мирослав Богдановски, да не обезбедат кворум за оваа точка.

Ја поставуваме и дилемата, дали закон кој е на сила од 3.3.2011 и во чиј член стои дека ќе важи десет години, а тоа значи до 3.3.2021, може да се продолжи кога стапува вон силаЗаконот од утре е вон сила. Ние, како и огромен број на граѓански здруженија сме против легализација на дивоградби, особено не после 10 години од ваквиот процес. Се бориме за владеење на правото, а не за амнестирање на криминал. Нема да гласаме на избори за партиите кои гласаат и овозможуваат легализацијата на дивоградби да продолжи и ќе повикаме и другите да го направат истото, потенцираат од О2 Иницијатива.

Претходна вестКои се историчарите што го правеле концептот за промени во образованието?
Следна вестКои пратеници го мамеле Мицковски за правење ново мнозинство или пак тој мамеше?