Девет починати и 721 новозаразени во изминативе 24 часа е дневната слика за ковид-состојбата во нашата земја.
Починатите се по 3 пациенти од Скопје (85г,80г,69г,), 2 пациенти од Куманово (81г,74г) и по 1 пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г), од кои осум во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Од новите 721 случаи на ковид-19, најмногу се во Скопје – 357, потоа во Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4…
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162, од кои 3.750 во Скопје.