И тоа го има: Беровци славеле Стара нова година во продавница, добија кривични

Четиринаесет лица од беровското село Двориште добија кривични пријави за прекршување на забраната за собир што е дел од мерките против пандемијата.

Целиот настан не е невообичаен. Но она што е уникатно за случајот е што тие на 13 јануари годинава се собрале во продавница во селото каде прославувале Стара нова година.

Поради нивната неодговорност обвинителството ги гони за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

 

Претходна вестШто со истечените пасоши на дијаспората? Ќе се менува законот за да им се продолжат
Следна вестУште 24 нови ковид-пациенти во болница во Скопје, се отвора модуларната болница