Уште 24 нови ковид-пациенти во болница во Скопје, се отвора модуларната болница

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Бројот на оние кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 306 или речиси половина од вкупно 763 колку што има пациенти со ковид на болничко лекување.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Најмногу приеми има на интерните клиники – 11 приеми, потоа 9 во ГОБ „8 Септември“и четири на Инфективната клиника.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Поради исполнетост на капациетот на Инфективната клиника, каде има 92 пациенти, министерот за здравство Венко Филипче најави дека од денеска во функција е ставена и модуларната болница во кругот на Инфективна, која беше вон употреба откако опадна бројот на заразени. Но сега поради порастот, кој во февруари бил дури за 56 повеќе од претходно, овие капацитети ќе се користат за хоспитализација на ковид-пациени.

Претходна вестИ тоа го има: Беровци славеле Стара нова година во продавница, добија кривични
Следна вестИнспектори откриле кои хотели директно испуштаат отпадни води во Мавровското езеро