Колумна на Владимир Величковски:
Скопје е поделен град, по етничка основа, во секој поглед, налик на Абдера или друг пропаднат град. Мостот на уметноста (што ги поврзува двете страни на Вардар) не може да предизвика восихт како оној парискиот затоа што го поништува духот на местото. Тоа се случи и со плоштадот со грдиот- нападен „Мериот“, стаклените згради, „уличниот монументализам“ и целиот оној архитектонско-урбанистички крш и предметен дрангулариум. Уметноста се создава таму каде што има природен воздух и атмосфера, критички дух, што ние го немаме.
Луѓето се уморни од грижи и страв, а нивните лица добија мрачен и намуртен израз: тие зборуваат секаде, но не урликнаа против сите неправди и насилие. Тие дури не поскауваат гласно да реагираат на грдите понижувања што доаѓаат од разни страни, но и во својата земја. Доста им е од лаги и лицемерие, зашто власта само јавно го осудува насилието но не го спречува во државните корумпирани институции: тие, аздисаните се главно заинтересирани за „решавање“ само на висока корупција и криминалнот. Барем да се погрижија да се подобри културата на бедното меѓупартиско комуницирање.
Во секој случај потребен ни е барем по еден референт за ѓубре во секоја општина во градот. Сепак, покрај општата дезориентираност и апатија се прашуваме: дали е потребно да се потсетиме, барем за цивилизираниот свет, дека не постои една и единствена историја зашто е апстрактен поим, како и на мислатана филозофот, која ќе не подзамисли: „Да го лишиш другиот од неговиот корен е најлут злочин – самиот да се лишиш од својот корен е најголема придобивка“.
Зошто Живко Поповски не беше избран за градоначалник? Затоа што власта не сака критички настроени талентирани архитекти и урбанисти кои му мислат добро на градот, туку одбираат партиски послушник кој не знае. Сепак, неговото име фигурира на списокот за именување на улиците што е тема за разгледување. Бил изработен ДУП за езеро Треска, одамна запуштено летувалиште, покрај кое тече Треска претворена во депонија. Што стои, всушност, зад овој „проект“? Добро е што се враќа шеталиштето на кејот, но каква е околината? Не можевме да го спречиме криминалот „Скопје 2014“, лошо реализирана историска читанка, а сега не знаеме ниту да го поправиме! Се најдовме на работ на бездната: можеби е време да напишеме „писмо до нероденото дете“ или да го прашаме, одблизу дали сака да се роди, да размисли и да одговори! И скопјани со тага и почит се опростија од големиот кант-автор Ѓорѓе Балашевиќ, од неговите лирски и ангажирани песни: мач је мач, плач е плач…ред је ред…живети слободно… дај окрени тај рингишпил у мојој глави…