Внимателно ако патувате: Влажни коловози и можност од одрони

Сообраќајот на патиштата нив државата се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов  не претставуваат пречка за одвивање на сообраќај.

Сепак, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестДождлив, ветровит и свеж викенд
Следна вестЗошто Живко Поповски не беше избран за градоначалник?