Општина Сарај наскоро ќе добие поликлиника која треба да го реши проблемот на 45 илјади жители од преку 20 населени места кои во овој момент немаат ниту една поликлиника во близина.
Во неа ќе има повеќе дејности: лекари по општа медицина, специјалисти, рентген дијагностика и лабораторија, нешто што треба да го олесни пристапот кон здравствена услуга.
Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска беше на метото каде што се гради објектот, најави дека во следниот период целосно да се заменат амбулантите во скопските општини во Аеродром, Лисиче, Бутел, Ѓорче Петров и во Карпош, кои се дотраени, а за првпат поликлиника ќе добие и Кисела Вода.