СДСМ: Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување

Идејата за заедничка дејствување за напредокот на државата е визионерство и шанса за демократизација и промени во самите политичките партии, а најмногу во ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

-Зоран Заев, на почетокот на нов четиригодишен мандат како Премиер, само неколку дена после изгласана доверба во Парламентот, подава рака за дебата за национално помирување. Тоа е знак на самодоверба и самоувереност, лидерство и доказ за висока политичка свест за проблемите на граѓаните и политичка широкоградост која е одлика само на политичари за кои државата е пред тесно-партиските интереси. Затоа Зоран Заев ја ужива довербата од граѓаните и предводи напред, велат од владејачката партија.

Од СДСМ појаснуваат дека нивниот претседателот отвора јавна дебата и се обраќа до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги врзува желбата за просперитет на нашата земја.

-Тој им се обраќа на сите оние кои ја препознаваат големината и визијата на новиот политички концепт за ресетирање на македонското општество и отстранување на сите аномалии кои како тег го успоруваат развојот и подобрата иднина на земјата. Мицкоски безброј пати покажа дека не е еден од нив, потенцираат во СДСМ и дообјаснуваат дека затоа, Мицкоски не е адресата до кого е упатена идејата за национално помирување.

Претходна вестПочинале 9 пациенти од вирусот, новозаразени се 722 лица
Следна вестМицкоски од болница му порача на СДСМ: Ќе бидете победени, тоа ви го ветувам