Ковид-центрите се полнат: Повторно рекорден број новопримени пациенти во Скопје

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 899 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, или вкупно 353 лица се на лекување на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, најмногу 19 пациенти биле примени на Инфективната клиника, во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти, на интерните клиники имало 10 приеми, а во Козле бил примен 1  пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 80, а на Клиниката за инфективни болести има 125 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид – позитивни пациентки.

Во ковид – центрите низ земјава има вкупно 546 пациенти.

Претходна вестГруби контра Меџити: Нема конфликт, оставката е лична одлука
Следна вестСпасовски за полицискиот час: Не сакаме, но мораме