Премиерот Заев денеска оди во посета на „Ист Гејт Мол” во Скопје, за да види како напредувала изградбата која се движи со солидна динамика. Станува збор за уште еден шопинг мол во главниот градна Македонија, проект кој си ја тера својата работа, ама за дел од јавноста е нелогично тоа да е главен интерес на Заев:
-Во време на пандемија, која илјадници македонски граѓани останаа без работа и се чудат како да си ги прехранат семејствата, зарем проблемите ќе им ги реши шопинг центар? Каде ви се идеите за вистински фирми и компании кои ќе понудат сериозни и стабилни работни места? Каде се странските компании?
-Луна паркот скапува, исто така и Универзална сала, мост за поврзување на Центар со Автокоманда останавме да сонуваме, ама затоа за шопинг центар сте ажурни како за носење дете на лекар! Значи можевте се да завршите ама така ви чини, во Македонија за вас приоритет се шопинг молови!
-Гугл, Лидл и другите до каде се?! – коментираат граѓаните.
Во пандемиска криза сме јавноста врие заради бурлеската со вакцините, и сега најмалку што треба е увид да се прави ама не во изградба на молови, туку постојан притисок врз директно надлежните кои треба да лобираат и молат за вакцини. Сега е најважно да ги набавиме, а државниот апарат целосно да се стави во функција на тоа. За жал, таква стратегија не видовме.