На сторителот и на правното лице му е изречена казна во висина од 1.800 евра и задолжение да засади 10 квалитетни и развиени дрвја на истата локација за вчерашниот сообраќаен инцидент на булеварот „Свети Климент Охридски“, соопшти денеска Градот Скопје.
Казната е изречена по уводот што го извршил Градскиот инспекторат.
Инаку, во инцидентот, големи шлепер кој излегувал од објектот кој се гради до централната НЛБ – банка, во обид да сврти удри во дрвото, го бутна, по што тоа падна врз автомобил и ја искрши шофершајбната. Трагедијата ќе беше поголема ако настрадаше возачот внатре.