Скопјанец зел рент-а-кар во Дебар и го продал во Куманово

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на скопското село Шишево, кој не вратил рент – а- кар возило, туку го продал.

Полицијата утрвдила дека 43 – годишниот скопјанец направил фалсификуван купопродажен договор, во кој, прикажал дека сопственикот на рент-а-кар взилото му го продал и потоа го продал во Куманово.

На вистинскиот сопственик пак му раскажал друга „приказна“ дека возилото му го одзеле лица на кои им должел пари.

Претходна вестКазна од 1.800 евра и садење десет дрвца за рушењето на дрво со шлепер
Следна вестОбвинение на Љупчо Палевски за оддавање службена тајна