Обвинение на Љупчо Палевски за оддавање службена тајна

Oсновното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинeние против лице од Скопје за продолжено кривично дело оддавање службена тајна. Иако ОЈО во соопштението не го споменува лицето ниту со иницијали, на социјалните мрежи се огласи бизнисменот Љупчо Палевски, кој самиот се пријави дека се работи за него.

Обвинителството го товари дека објавувал документи од УБК, односно дека во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, објавил документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин, а кои биле класифицирани како службена тајна.

Притоа се посочува прес-конференцијата од 7 јули 2020 каде Палевски презентирал фотокопии од делови од работна верзија на извештај од разговор со лице соработник на УБК и една службена белешка, а потоа на 8, 9 и 12 јули лани на Фејсбук тој продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со цели на тогашната УБК.

Палевски, на социјалните мрежи објави видео во кое вели дека со ова се признава содржината на службената тајна, односно дека се прислушувани сите активисти на движењето „„Бојкотирам“.

Претходна вестСкопјанец зел рент-а-кар во Дебар и го продал во Куманово
Следна вестВМРО-ДПМНЕ со предлог: Пратениците да имаат само македонско државјанство, да важи и за овој мандат