ВМРО-ДПМНЕ со предлог: Пратениците да имаат само македонско државјанство, да важи и за овој мандат

Предлог – пратениците во македонскиот парламент да имаат само македонско државјанство, достави денеска во Собранието пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Се предлага измена на членот 2 од Законот за избор на пратеници.

Никола Мицевски, координатор на пратеничкатра група на прес-конференција рече дека целта им е да ги „прекинат димните завеси што ги крена најдобриот пријател на Зоран Заев, Каракачанов кој што шири лажни вести“ со наводните бугарски пасоши на пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.

 – Измените во предлог законот се во два члена и тоа во условите за избор на пратеници каде што додаваме нов член во кои велиме дека за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на Република Македонија. Ваков услов има и во Законот за надворешни работи и бараме оваа одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик во рок од триесет дена по влегувањето во сила, изјави на прес-конференцијата Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека доколку законското решение се донесе во наредниве денови со усогласување во Изборниот законик во наредните триесет дена, ова да важи и за овој пратенички мандат.

Претходна вестОбвинение на Љупчо Палевски за оддавање службена тајна
Следна вест15 починати и 868 нови случаи со ковид за 24 часа