15 починати и 868 нови случаи со ковид за 24 часа

Во изминатите 24 часа, 15 лица починаа како последица на ковид-19, додека регистрирани се 868 нови заразени.

Од починатите, 5 се од Скопје (86г,81г,72г,71г,64г), по двајца од Тетово (72г,59г) и Охрид (78г,57г), и по еден од Прилеп (80г), Куманово (71г), Штип (64г), Кавадарци (65г), Битола (73г) и Неготино (74).

Од направените 3.654 тестирања, има 868 нови случаи, од кои најмногу се од Скопје – 424, потоа од Прилеп – 72, Куманово – 42, Битола – 34, Охрид – 31, Тетово – 28, Кавадарци – 27, Неготино – 26, Велес – 21, Гевгелија – 20, Гостивар и Кочани – по 15, Штип – 14, Крива Паланка и Крушево – по 11, Струга и Берово – по 10, Струмица – 9, Валандово и Демир Капија – по 8, Богданци – 6, Кичево и Ресен – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран – по 1.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, на починати е 3280, а бројот на активни случаи е 10. 872 од кои 5.258 се од Скопје.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ со предлог: Пратениците да имаат само македонско државјанство, да важи и за овој мандат
Следна вестКолеги, пријатели и роднини се простуваат од Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77