Колеги, пријатели и роднини се простуваат од Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77

Денеска се одржа комеморација за прерано починатиот новинар Горан Гаврилов. Во неговото радио Канал 77 со аплауз за битката на Горан за медиумите, за новинарите, за слободата на говор, се простија семејството, негови колеги новинари, пријатели, роднини…

Гаврилов беше неуморен работник и успеа нешто што тешко се успева – направи радио кое опстојува три децении во македонскиот медиумски простор.

Неговиот колега, уредникот Столе Наумов, рече дека оваа година требало заеднички да прослават 30 години слободно радио, 30 години Канал 77.

Последното простување од Горан Гаврилов е во Градската капела во Штип од 14 до 15 часот, по што ќе биде погребан на Градските гробишта.

Претходна вест15 починати и 868 нови случаи со ковид за 24 часа
Следна вестИ СДСМ е за пратеник да има само македонско државјанство, но ако важи од сега